Над пет милиони деца се соочуваат со глад во Јемен

Јемен: дете во Здравствениот центар во градот Хаџа. 25.08.2017

Вкупно 5,2 милиони деца се под ризик од глад во Јемен поради зголемувањето на цените на храната и обновените борби околу клучниот пристанишен град Худајдах, предупредува организацијата „Спасете ги децата.“

„Оваа војна ризикува да биде убиена цела генерација деца од Јемен кои се соочуваат со повеќе закани: од бомби, глад, и од болести како колера“, изјави денеска шефот на добротворната организација Хеле Торнинг Шмит.

Конфликтот во Јемен ескалираше во 2015 година кога шиитските бунтовници Хути поддржани од Иран ја презедоа контролата над поголемиот дел од западот на земјата.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија интервенираше во обид да ја обнови владата на меѓународно признатиот претседател Абд-Рабу Мансур Хади.

Коалицијата ја интензивираше својата воздушна кампања и продолжи со офанзивата за заземање на пристанишниот град Худајда на Црвеното Море, откако пропаднаа мировните разговори минатиот месец.

Повеќе од 10.000 луѓе, повеќето цивили, се убиени во војната, а околу 8,4 милиони луѓе се верува дека се на работ на глад.