Уставниот суд ја почна седницата за уставноста на референдумот

Архива: Седница на Уставен суд на Република Македонија.

Уставниот суд ја почна седницата на која треба да се одлучува за уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година.

На седницата присуствуваат претставници на политичката партија „Левица“ и од Светскиот македонски конгрес, кои се подносители на иницијативите, а судија известител е Елена Гошева која го образложува предметот.

Подносителите сметаат дека одлуката за референдумот не е во согласност со Уставот на РМ, Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија.

Тие бараат Уставниот суд целосно да ја поништи одлуката за референдум, а доколку одлуката ја донесе по референдумот, тогаш да ги поништи резултатите.