Продолжува рочиштето за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, со сослушување на сведоците Ферид Мухиќ, Курто Дудуш, Сашко Коцевски и новинарката Душица Мрѓа. На последното рочиште кое се одржа на 13 септември сведочеа Хари Локвенец и Катерана Кузмановска од СДСМ.
Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие пред судот се изјаснија дека го разбираат обвинението, но оти не се чувствуваат виновни.
На последното рочиште што се одржа на 13 овој месец сведочеа пратениците Хари Локвенец и Катерина Кузмановска од СДСМ. Локвенец сведочеше дека била очигледна намерата на толпата да се насочи кон групата пратенци меѓу кои се биле Зоран Заев, Талат Џафери и Зијадин Села.
Во случајот обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок, а две лица за помагање на делото.