ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против премиерот Заев

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ денска во Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев, за како што наведуваат, повик на поткуп при избори на јавен митинг во Крива Паланка. Од партијата истакнуваат дека тоа е спротивно на чл. 160 и чл. 162 од Кривичниот законик.

„Ја поднесовме кривичната пријава од причина што јавниот обвинител не постапи согласно своите надлежности кои што се предвидени во чл. 39 од Законот за кривична постапка, односно не отвори постапка против Зоран Заев по јавно допрен глас“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата соопштуваат дека во склоп на кривичната пријава доставиле и видео материјал во кој се слуша како Заев јавно повикува на поткуп и каде се слуша дека сопственикот на компанијата „Минстрој“ веќе му ветил дека ќе ги награди работниците доколку излезат на претстојниот референдум: „Целта ни е да докажеме дека никој не е над законот, па ниту Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.