Над 2 милиона евакуирани во Кина поради тајфунот Мангхут

Филипините по ударот на тајфунот Мангхут

Над два милиона луѓе биле евакуирани во кинеската јужна провинција Гуангдонг пред пристигнувањето на тајфунот Мангхут кој претходните денови опустоши делови на Филипините и Хонг Конг. Властите на Хонг Конг соопштија дека околу 300 луѓе биле повредени и оти штетите биле катастрофални. Претходно овој тајфун со ветрови со брзина од над 200 километри на час ги погоди Филипините при што најмалку 64 луѓе загинале, додека 40 се водат како исчезнати.