Путин и Ердоган утре на средба за Сирија

Претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган

Претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган кои поддржуваат различни страни во конфликтот во Сирија утре ќе се сретнат во Сочи. Во фокусот на разговорите ќе биде очекуваната офанзива на сириските власти врз засолништето на бунтовниците на северозападниот дел на земјата.

Средбата доаѓа на десет дена по самитот на кој присуствуваа Путин и Ердоган, како и нивниот ирански колега Хасан Рохани на кој не беше компромис за ситуацијата во Сирија.