Воен хеликоптер се урнал во Авганистан

Илустрација

Авганистанските власти соопштија дека најмалку 5 припадници на армијата, како и сите членови на екипажот загинале кога се урнал воен хеликоптер, кој морал принудно да слета и бил зафатен од оган во покраината Фара.

Според нив, инцидентот бил резултат на техничка неисправност на хеликоптерот. Но, талибанците соопштија дека тие го собориле хеликоптерот. Поголемиот дел од покраината е под контрола на талибанците.