Масовна евакуација во Јужна Каролина поради ураганот Флоренс

во Јужна Каролина над 400 илјади луѓе ги напуштиле крајбрежните подрачја поради ураганот Флоренс

Властите во Јужна Каролина соопштија дека над 400 илјади луѓе ги напуштиле крајбрежните подрачја на оваа американска сојузна држава и оти околу 4 илјади побарале засолниште поради ураганот Флоренс. Силниот ураган удри на брегот на Јужна Каролина поплавувајќи улици и предизвикувајќи прекин на електричната енергија. Ветровите се со брзина од 155 километри на час. Ураганот Флоренс најпрвин имаше категорија 4, но потоа ја намали силата. Сепак, според властите, тој и натаму претставува опасност.