Мичел: Искористете го вашето право и излезете да гласате

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел

„Оваа е одлука што само Македонците може да ја донесат и затоа ги охрабрувам сите да го искористите вашето право, но и одговорност и на референдумот да излезете и да гласате“, порача американскиот помошник-државен секретар за европски и евроазиски прашања Вес Мичел по средбата со премиерот Зоран Заев.

На новинарско прашање за последиците доколку референдумот не успее, тој рече дека не сака да шпекулира. Мичел ја потврди поддршката на САД за Македонија додавајќи дека неговата земја е заинтересирана за одржување на стабилноста и безбедноста во регионот.