Могерини утре на средби во Скопје

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и премиерот Зоран Заев во Скопје на 18 април 2018

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини утре ќе престојува во Македонија каде се очекува да се сретне со премиерот Зоран Заев, со претседателот Ѓорге Иванов и со лидерот на опозцијата Христијан Мицкоски.Посетата е во пресрет на претстојниот референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат за Договорот од Преспа.