Градската управа на Скопје ќе се сели под Кале

Во март или април следната година вработените во Град Скопје ќе се преселат во новата зграда под Кале, објави МИА. До 29 октомври годинава треба да завршат градежните работи на новиот објект по што ќе следат јавни набавки за мебел и за селење.

Според информациите од Градот, земјиштето на кое што се наоѓаат градските бараки е на Република Македонија. Оттаму велат дека Александра Маројевиќ е избрана за директор на „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ (ГЕС), кое ќе биде сместено во ГТЦ во поранешните простории на УЈП.