Болтон: Меѓународниот кривичен суд е нелегитимен

Џон Болтон, советник занационална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп

Соединетите држави се заканија со воведување санкции против судиите и обвинителите на Меѓународниот кривичен суд доколку гонат Американци, Израелци или други сојузници на Вашингтон. „Ќе им забраниме на тие судии и обвинители влез во САД. Ќе преземе санкции против нивниот имот во американскиот финансиски систем и ќе покренеме судски постапки против нив во нашиот судски систем“, изјави Џон Болтон, советник занационална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој го обвини Меѓународниот суд кој е задолжен да суди за воени злосторства и злосторства против човештвото, дека е нелегитимен и оти САД нема да соработува со него. Вашингтон не е член на овој суд.