Сенаторот Рон Џонсон денеска во Белград

Американскиот републикански сенатор и претседавач на Комитетот за внатрешна безбедност Рон Џонсон

Американскиот републикански сенатор и претседавач на Комитетот за внатрешна безбедност Рон Џонсон од денеска е во дводневна посета на Србија. Тој во Белград ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ. Џонсон е на турнеја во регионот во рамките, однсоно во Македонија, Грција, Косово и Србија. Тој порача дека сите во регионот мора да гледаат во иднината и оти трпението и флексибилноста се од суштинско значење. Џонсон се смета за близок на американскиот претседател Доналд Трамп.