Централна прослава на Денот на независноста пред Владата

Со забава на отворено пред зградата на Владата вечерва се одбележува 8 Септември, Денот на независноста на Македонија.

Најмладите се забавуваа со Петко и 5+ Бенд, а прославата продолжи со оркестарот на Македонската филхармонија, заедно со Тамара и Тијана, кои изведуваа македонски евергрини.

Дел од музичката програма се и Македонската филхармонија и маестро Џијан Емин со проектот „Оригинатор“ на продуцентот на електронска музика, Хуан Аткинс, како и домашните ди-џеи, Феки Фарис и Огнен Узуновски – Оги.​

Пред присутните ќе се обрати претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Паралелно со централната прослава, противниците на референдумот и Договорот од Преспа одржуваат протест и прослава пред Собранието.