Иако беше најавен како мирен и без партиски обележја, мал дел од учесниците на протестот во Солун против Договорот од Преспа се судрија со полицијата. Според локалните медиуми, на кои се повикуваат светските новински агенции, неколкумина биле лесно полесно повредени, а бил фрлен и солзавец.
„Сите со грчки знамиња во рака, дојдете да го преплавиме Солун по повод присуството на премиерот Ципрас на отворањето на меѓународниот саем. Собирот ги засега сите Грци, затоа што не треба да се дозволи словенизација на македонскиот хеленизам што води кон отстапување на грчки територии“, повикуваа организаторите преку соопштение изминативе два дена.