Затворска казна за поранешен советник на Трамп за лажење на ФБИ

Џорџ Пападопулос, поранешниот дипломатски советник на Доналд Трамп, e осуден е на 14 денови затвор поради лажно сведочење во истрагата за можна соработка меѓу Москва и тимот задолжен за кампањата на републиканскиот кандидат, објавија новинските агенции.

Тој доби и парична казна од 9.500 долари и една година условна казна со извршување работни обврски за општо добро. Пападопулос се изјасни за виновен во октомври 2017 година за лажно сведочење во ФБИ.

Ова е дел од големата истрага во САД што се спроведува во врска со сомневањата за вмешаност на Москва во американските претседателски избори на кои победи Доналд Трамп.