Сервер: Македонците и понатаму ќе се нарекуваат Македонци

Даниел Сервер, експерт за Балканот и професор на американскиот универзитет Џон Хопкинс

Професорот Даниел Сервер од универзитотот Џон Хопкинс, кој важи за еден од најдобрите познавачи на политичките прилики на Балканот, вели дека претстојниот референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција е клучен за македонската иднина.

Во изјава за МИА од Вашингтон, тој додава дека со успехот на референдумот се менува официјалното име на земјата, но дека Македонците и понатаму ќе си се нарекуваат Македонци.

„Тоа ја отвара вратата за брз влез во НАТО и отварање на преговори за членство во ЕУ. Ова е најголемата и единствена шанса што земјата ја имала уште од прогласувањето на независност“, вели Сервер, еден од најугледните политички аналитичари.

Според него, неуспешен референдум е пораз на Договорот со Грција и дестабилизација, затоа што тоа ќе значи закочен процес за членство во НАТО и ЕУ и создавање меѓуетничките тензии во Македонија.