Македонија слави 27 години самостојност

Македонија денеска одбележува 27 години од успешно спроведениот референдум во 1991 година на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

На референдумот во 1991 година над 95 отсто од граѓаните што излегоа да гласаат позитивно одговорија на прашањето „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“

Годинава, празникот се слави во нови услови со јунскиот Договор од Преспа за конечно надминување на повеќедеценискиот спор за името со Република Грција и во пресрет на новиот референдум за прифаќање на овој договор и членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

Новиот референдум е закажан на 30 септември.