Полиција - Безбедносната состојба во Дебар е стабилна, порталите шират паника

Дебар

Безбедносната состојба во Дебар е стабилна, а пишувањата на неколкуте локални портали се дезинформации и имаат за цел да создадат страв кај населението и да шират недоверба кај полицијата, изјави командирот на полициската станица во Дебар, Арѓенд Војника на денешната вонредната седница на Советот на Општина Дебар на која стана збор за тројното убиство и безбедносната состојба во градот. Командирот рече дека полицијата собира податоци за сопствениците на некои од порталите кои секојдневно шират лажни информации за наводни бројни кражби, што не е вистина.

„Во врска со убиството на тројцата членови на семејството Поцеста се преземени сите активности“, рече Војника и додаде дека полицијата си ја врши својата работа во согласност со законот.

Тој ги повика граѓаните за поголема соработка со полицијата.