Решавањето на прашањето за името е голема шанса за динамика на Македонија и на целиот регион, го поздравувам постигнатиот компромис и ги повикувам граѓаните да учествуваат на претстојниот референдум и да гласаат „за“ договорот и „за“ европската перспектива на Македонија, истакна австрискиот канцелар Себастијан Курц на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев.
„Тоа е одлука на секој поединец и навистина не е мое да ја направам одлуката за некој друг, но како пријател на Македонија и како активна земја членка на ЕУ ние ќе сметаме дека би било многу позитивно доколку има големо учество и позитивен исход на референдумот, изјави Курц, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.