Косовското Министерство за надворешни работи потврди дека му издало дозвола на претседателот на Србија Александар Вучиќ за викендов да го посети Косово.
Јетлир Зиберај - советник на шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли, изјави дека на српскиот претседател му е издадена дозвола за влез во Косово.
„Вучиќ согласно процедурите побара дозвола за влез во Косово и барањето му е одобрено, изјави Зиберај.
Според најавите, претседателот на Србија ќе престојува во Косово на 8-9 септември, ден по состанокот со неговиот косовски колега Хашим Тачи што ќе се одржи во Брисел во рамките на преговорите за нормализација на односите меѓу двете држави.