Високи извршни директори на Фејсбук и на Твитер ветија подобра заштита на нивните платформи против манипулацијата од странство за време на претстојните избори во САД и во иднина. Шерил Сандберг, која е втор човек во Фејсбук и директорот на Твитер, Џек Дорсеј денеска беа сослушувани од страна на американски сенатори кои ја поздравија нивната одлука.
Но, според сенаторот Ричард Бур, конгресот е загрижен оти тоа не е доволно и дека проблемот нема да исчезне. Тој изрази загриженост и дали проблемот се решава во вистинскиот правец.
Во минатата година Конгресот упати остри критики кон компаниите за социјални медиуми, бидејќи доказите покажаа оти тие биле искористени во наводните напори на Русија да се меша во претседателските избори во САД во 2016 година.