Столтенберг пристигна во посета на Македонија

Авионот во кој се превезува генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг слета на аееродромот во Скопје

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пристигна на меѓународниот аеродром во Скопје и официјално ја започна дводневната посета на Македонија. Тој на аеродромот беше пречекан од министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

Утре Столтнеберг е предвидено да се сретне со премиерот Зоран Заев во Клубот на пратеници, како и со претседателот Ѓорѓе Иванов и со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Неговата посета доаѓа на три недели пред најавениот референдум за промена на името на Македонија од што зависи и членството во Алијансата.