Амбасадорот Јан Петерсен, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за референдумот, нагаласи дека мисијата во целост ќе ја зачува својата непристрасност при набљудувањето на референдумот.
Амбасадорот Јан Петерсен, ова му го соопшти на претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери.
Како што соопшти Кабинетот на собраниската прес-служба, ангажиран ќе биде тим од 13 експерти, 20 долгорочни набљудувачи и околу 250 краткорочни набљудувачи што ќе оценува дали гласањето се одвива во демократска атмосфера и во целосна согласност со меѓународните обврски и стандарди и со националното законодавство.
Петерсен нагласил дека улога на мисијата е да го набљудува целиот процес на спроведување на референдумот, почнувајќи од јавната пропаганда, финансирањето и медиумското покривање.
ОБСЕ/ОДИХР досега набљудувала 17 изборни процеси и еден референдум во земјава