Германската канцеларка Ангела Меркел в сабота ќе оствари посета на Скопје, потврдуваат за РСЕ од Владата. Инаку, премиерот Зоран Заев на новинарско прашање при денешна посета на Радишани изјави дека се надева оти посетата ќе биде на 8 септември, но дека конечната потврда за посетата, според протоколот, треба да ја соопшти Германија.
Заев најави дека Меркел в сабота ќе дојде во Скопје, за како што истакна, од прва рака да формира впечаток за претстојниот референдум.
И портпаролот на германската Влада Штефен Зајберт денеска најави дека Меркел в сабота ќе дојде во Скопје за, како што наведе, од прва рака да формира впечаток за претстојниот референдум: „Уште се работи на програмата, но можам да ви кажам дека канцеларката ќе се сретне со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев“ пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.