Вучиќ: Тешко до решение за Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е се појасно дeка ќе биде тешко да се дојде до било какво решение за Косово.

“Ние ќе продолжиме да нудиме мир и компромисно решение и да бараме она што е можно, реално, правично и рационално за српскиот народ и за српската држава”, изјави Вучиќ на отварањето на Жежељовиот мост во Нови Сад, каде гостин беше и еврокомесарот Јоханес Хан.

Според неговите зборови, „тие во Србија кои бараат ништо и се надеваат дека Србија добива едно големо ништо, треба да продолжат да се радуваат, бидејќи се е насочено кон успехот Србија по прашањето на Косово да не добие ништо“.

Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи покренаа иницијатива за размена на територии меѓу Србија и Косово, како и взаемно признавање, а Европската унија упати поддршка на овој предлог. Но, Германија се изјасни против прекројувањето на балканските граници.