„Заедно за европска Македонија“ ја започна кампањата во Кочани

Премиерот Зоран Заев

Коалицијата „Заедно за европска Македонија“ со трибина со граѓаните од Кочани ја започна кампањата низ градовите во државата за претстојниот референдум. Свое обраќање имаше премиерот Зоран Заев, кој истакна дека референдумското изјаснување „за“ значи отворање на вратите за влез на европскиот пазар, затоа што со програмата до 2020 година ЕУ ќе донира секој ден по 260 илјади евра во Македнија.

„Наша должност е да осигураме стабилност, безбедност и економска иднина на државата, заради нас и нашите идни поколенија и затоа очекувам успех на референдумот. Обврска на секој граѓанин е да излезе и да гласа, па макар да се изјасни и „против“, затоа што секој што ќе седи дома или ќе бојкотира значи дека е против Македонија и нејзината иднина. Со потпишувањето на договорот за пријателство со Бугарија и со договорот за името со Грција добивме двајца нови пријатели кои наместо да бидат пречка, сега силно нè поддржуваат за влез во европското семејство и НАТО“, порача Заев.