Албанската опозиција нема договор со власта за локалните избори

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша ја отфрли можноста за постигнување договор со владејачките социјалисти и формирање заедничка власт.

„Не сакам никаква заедничка власт со Еди Рама, ни најмалку со него,без решение на политичката катастрофа во која се наоѓа земјата“,рече Баша.

Тој порача дека не е тајна оти обединетата опозиција на локалните избори ќе настапи со заеднички кандидатски листи.Тоа, според него, е резултат на волјата на двете партии.