Германија екстрадираше во Русија осомничен исламски милитант

Лицето со потекло од рускиот регион Кабардино-Балкарија, кое е екстрадирано од Берлин во Москва. 31.08.2018

Германија екстрадираше лице од рускиот регион Северен Кавказ во Русија, каде се соочува со наводи за учество во терористички активности за поддршка на забранетата исламска екстремистичка група.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) не го именуваше лицето кое беше екстрадирано на 30 август, велејќи дека е родено во 1987 година во рускиот регион Кабардино-Балкарија.

ФСБ соопшти дека лицето е обвинето за наводно помагање и поддршка на забранетата исламска група Имарат Кавказ во Северен Кавказ и за учество во борби во Сирија заедно со милитантите на групата на Исламската држава.

ФСБ исто така соопшти дека властите го сомничат лицето за употреба на лажни документи, кога се обидело да добие статус на бегалец во Германија.

Според податоците на руската Влада, околу 2.000 руски државјани се бореле заедно со милитантите на ИД во Сирија, повеќето од регионот Северен Кавказ.