Хан: постигнат е напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина

Архива: еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Постигнат е напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина, иако е премногу рано да се зборува за детали, изјави денеска во Виена еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, наведувајќи дека секој договор меѓу Србија и Косово треба да придонесе за мирот и стабилноста на Западен Балкан.

Хан зборуваше пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија во Виена, каде присуствуваат претставници на земјите кандидати.

„Договорот меѓу Србија и Косово треба да го разработат лидерите на двете земји. Постигнат е напредок, но премногу е рано да се разговара за деталите“, изјави Хан.