Почна јавната седница во Апелациониот суд, на која се одлучува по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот на СЈО „Тенк“, но веднаш по почетокот беше прекината откако адвокатите на осудените побараа одложување на седницата поради обврски на други судски процеси.
Освен Груевски кој во случајот за набавка на „мерцедосот “ од 600 илјади евра како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, исто така осуден е и поранешниот помошник министер на МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор.
Судскиот совет, кој одлучува по жалбата е во состав Цветанка Периќ, Тања Милева, Тања Дуковска, Зоран Димитриевски и Енвер Беџети, даде пауза за да се произнесе по барањето. Вчера судскиот совет ја одложи јавната седница поради отсуството на Груевски и неговите четворица адвокати кои присуствуваа на рочиште во Кривичниот суд за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ во кој Груевски исто така е обвинет.