Сирија: војската е подготвена за голема офанзива во Идлиб

Сиријците ја проверуваат штетата по воздушни напади од страна на провладините сили во провинцијата Идлиб, 11 јуни 2018

Сирија објави дека подготвува сеопфатна офанзива против бунтовничките борци во провинцијата Идлиб, додека нејзиниот сојузник Русија планира големи поморски маневри во Средоземното Море, во услови на растечки тензии меѓу Москва и Западот околу Сирија. По разговорот со својот руски колега во Москва, сирискиот министер за надворешни работи, Валид ал-Муалем, денеска рече дека војската на неговата земја "ќе оди до крај" во Идлиб и дека "примарна цел" ќе биде фронтот Ал-Нусра, кој има линкови до Ал-Каеда. Коментарите доаѓаат во услови на растечка загриженост на Обединетите нации и на Западот за опасностите за цивилното население од голема воена офанзива во густо населената провинција. Претходно руското Министерство за одбрана објави планови за лансирање на големи поморски маневри во Медитеранот подоцна оваа недела