"Сакаме Македонија да се придружи на НАТО и ЕУ. САД се партнер на Македонија веќе 25 години и ние мислиме дека преспанскиот договор, иако е тежок, претставува фер компромис кој го отвара патот кон таа светла иднина", рече амбасадорот на САД Џес Бејли при денешната посета на Прилеп.
Амбасадорот Бејли изјави дека најбитно е луѓето да се запознаат со содржината на договорот, да излезат на референдум и да одлучат според сопственото мислење што е подобро за нив и оти тие сами ја носат одлуката
"САД се партнер на Македонија веќе 25 години, и ние секако сакаме Македонија да се придружи на НАТО и ЕУ. Мислиме дека преспанскиот договор, иако е тежок, претставува фер компромис, кој го отвара патот кон таа светла иднина. Ова е тешка одлука, бидејќи, како што споменав, вклучува тежок компромис. Но, мислам дека кога луѓето ќе размислат и погледнат во суштината, ќе сфатат дека таа придонесува кон зачувување на македонскиот идентитет и кон зачувување на македонскиот јазик", изјави Бејли.
Тој нагласи дека пред се, важно е граѓаните да се да се запознаат со содржината на Договорот и да донесат сопствена одлука.
"Ние како САД, сакаме да ја видиме Македонија, да стане 30-та членка на НАТО како Северна Македонија. Тоа ќе придонесе кон стабилност и безбедност",рече Бејли.