Земјотрес во Струмица

Струмица

Земјотрес со магнитуда од три степени и епицентар кој потекнува од струмичкото подрачје е регистриран ноќеска во 02:10 часот. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово соопшти дека епицентарот бил на 125 километри југоисточно од Скопје. Земјотресот е почувствуван од населението во Струмица и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.