Апелација одлучува по жалбата на Груевски за „Тенк“

Никола Груевски

Апелацискиот суд во Скопје денеска ќе одлучува по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра. За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски е осуден на шест години и шест месеци затвор. Во Кривичниот суд во Скопје, денеска ќе се одржи и ново рочиште во раздвоената постапка против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за истиот предмет на Специјалното јавно обвинтелство за набавката на луксузниот „мерцедес“. Денешното рочиште продолжува со сослушување на сведоци.