Министрите на ЕУ ќе разговараат за Балканот во Виена

Архивска фотографија: Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини со шефовите на дипломатиите од Западен Балкан во Скопје

Министрите за надворешни работи на Европската унија ќе имаат неформална средба во Виена утре и задутре на која ќе ја разгледуваат состојбата на Балканот, и пред сè можноста за проширување на ЕУ кон југоистокот. Австрија, која претседава со Европскиот совет, најави дека на средбата ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија, Србија, Турција и Црна Гора.

„Расправата за југоисточна Европа ќе биде во согласност со развојот на настаните во претстојните месеци, со фокус на проширувањето“, соопшти австриското претседателство.