Средба на поддржувачите на референдумот

Профил на премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Лидерите на политичките партии кои даваат поддршка на референдумот на 30-ти септември и процесите коишто се во насока на полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО, вечерва ќе одржат средба. Средбата е на иницијатива на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Тема на вечерашната средба, како што информираат од СДСМ, е референдумот и најважната државно-политичка цел: евроатланскиот пат на Македонија, приоритети од кои зависи иднината на државата и на граѓаните.