За 10 септември е одложено рочиштето за случајот на СЈО „ТНТ“, за уривање на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски, бидејќи Боро Тасевски - адвокатот на поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, не се појави во судница за од судијата Огнен Ставрев доби парична казна од 1.000 евра.
По почетокот на рочиштето Ставрев даде пауза од половина час за Трајковски да го повика неговиот бранител или да назначи бранител за денешното рочиште, но по паузата Трајковски рече дека неговиот адвокат не може да присуствува на рочиштето бидејќи е во одбрана на поранешната министерка Јанкулоска за случајот „Тенк.“
Судијата поради необезбедена одбрана го одложи рочиштето за 30 септември. Меѓу обвинетите за предметот „ТНТ“ се и поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. Според обвинението, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка одмазда со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.