Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан изјави дека пристапните преговори во иднина ќе траат подолго од претходно, бидејќи поважен е, како што рече, квалитетот пред брзината, посочи Хан во интервју за во интервју за австрискиот дневен весник „Тиролер тагесцајтунг.“
Хан додаде оти членството на Унгарија и на Романија покажале многу нешта, посочувајќи дека ЕУ извлекла поука од досегашните пристапни процеси.
„Процесите кои ги поттикнуваме на Западен Балкан би требало да добијат многу поголемо ниво неповратност кога станува збор за воспоставување на владеење на правото и борба против корупцијата“, наведе Хан.