ДИК ќе ги разгледува барањата за набљудување на референдумот

Државна изборна комисија ДИК.

Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која ќе ги разгледа и одобри барањата за добивање на овластување за набљудување на претстојниот референдум поднесени од Комитетот за отворена демократија, Фондација за спасување на земјата и Набљудувачка мисија за референдумот на ОБСЕ/ОДИХР.

Членовите на комисијата ќе ги утврдуваат и објават описите на избирачките места и ќе ја разгледаат и конечната информација за текот на пријавувањето на граѓаните за гласање во странство.

На дневен ред на сединцата е и Предлог заклучокот за усвојување на извештајот во врска со поднесените пријави на граѓаните за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Македонија во странство, како и Предлог заклучокот за примена на Правилникот од 2014 година за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите, за Референдумот 2018, како и барањата за неприфаќање на извршување на должност претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии.