Меркел - Желбата на Хрватска за влез во Шенген зоната е природна

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Берлин изјави дека е забележан напредок на хрватската полиција за време на мигрантската криза, што би можело да биде од големо значење за влез на земјата во Шенген зоната.

На заедничка прес-конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, таа истакна дека „желбата на Хрватска за влез во Шенген зоната е природна, но постапката е јасна“.