Намалување на старосната граница за пензионирање на рударите, денеска најави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакнувајќи дека од 2019 година измените за рударите предвидуваат жените да се пензионираат со 35 години работен стаж, а мажите со 40 години работа.
„Навистина ни е драго што сме тука да ја споделам радоста заедно со рударите од овој крај за идните мерки за пензионирање во рударскиот сектор. Како што ветивме на самиот почеток на мандатот и пред мандатот донесовме закон со кој што бенефицираниот стаж ја добива својата улога за рударите. Со него е предвидено жените да може да се пензионираат со 35 години стаж, додека мажите со 40 години навршен работен стаж, рече Царовска од Македонска Каменица.
Рударите за една година работа добиваат бенифициран стаж од 18 месеци. Од Министерството велат дека ќе се прави и ревизија на сите работни места за кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење.