Дачиќ: Србија има историска можност да добие нешто во Косово

Архива: српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

На Србија и се дава историска можност да добие нешто за своите луѓе и граѓани во Косово, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ посочувајќи дека дијалогот меѓу Белград и Приштина допрва ќе се води и оти на него ќе се изнесуваат можни решенија.

„Станува збор за тоа дали ќе добиеме нешто или се ќе изгубиме“, истакна Дачиќ за РТС. Тој додаде дека оваа можност може и да се одбие, но и дека „не треба да се правиме невешти, бидејќи никој не ни нуди цело Косово да остане во границите на Србија“.

Запрашан дали знае за што околу Западниот Балкан вчера телефонски разговарале американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел, Дачиќ рече дека е тешко да се разговара за Западниот Балкан, без да се зборува за Косово.