Откако ја поздрави посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, во Пекинг, кинескиот државен советник и министер за надворешни работи, Ванг Ји изјави дека потпишувањето на меморандумот ја истакнува силната билатерална поврзаност меѓу двете земји, при што Грција стана првата развиена земја што постигнува таков договор.
Ванг повторно ја потврди целта на Кина да ја поврзе иницијативата „Појас и пат“ со европските програми за инвестирање и поврзување, со цел развивање на односите меѓу Кина и Европа.
„Кина се придржува кон отвореноста, транспарентноста и инклузивноста во изградбата на иницијативата „Појас и пат“, без клика, високи критериуми, без зделки зад грб. Развиените или земјите во развој се подеднакви партнери во оваа изградба. Во време кога се зголемува унилатерализмот и протекционизмот, изградбата на самиот „Појас и пат“ е знак на посветеност на мултилатерализмот“, рече Ванг.
Иницијативата „Појас и пат“ беше на врвот на агендата на Коѕијас, кој е во петдневна посета на Кина.
На прес-конференцијата по неговиот состанок со Ванг, тој рече дека Грција ќе се обиде да соработува со Кина во повеќе области, како што се политиката, економијата и културата.
„Мислам дека најважно е дека сме две држави, два народа, двајца министри кои веруваат едни на други. Ние работиме заедно со доверба. Второ е економијата, треба многу да учиме од Кина“, рече Коѕијас.
Меѓу многуте заеднички планови за иднината, Кина и Грција ќе продолжат да работат заедно на програмата за Пиреја, која помогна едно од најголемите пристаништа на Медитеранот да ја подобри својата позиција на глобалната ранг-листа.
Со своите 55 морски линии, пристаништето нуди големи можности за земјите од иницијативата „Појас и пат“ во ширењето на нивниот дострел во Медитеранот и во други земји низ светот.