Делегацијата конгресмени на САД, предводена од Бил Флорес која престојува во Македонија вчера се сретна со премиерот Зоран заев при што, како што соопшти владината прес служба, упатила честитки за постигнувањето на договорот со Грција и признание за досегашните реформски процеси на Македонија. Заев ги информирал американските конгресмени за околностите во кои беше постигнат договорот со Република Грција, придобивките од него, како и за подготовките за претстојниот референдум и за кампањата што му претходи.
Заев-Флорес: демократските капацитети ја носат Македонија во ЕУ и НАТО
делегација од Конгресот на САД престојува во официјална посета на Република Македонија, 27.08.2018.