ЛДК: Тачи да престане да тргува со Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот косовски колега Хашим Тачи

Авдулах Хоти, шефот на пратеничката група на ЛДК - Демократскиот сојуз на Косово му порача на косовскиот претседател Хашим Тачи дека „нема мандат да тргува со територијата на Косово“ и дека „секој што влегува во такви игри ќе сноси уставни и политички последици“.

Хоти на својата страница на Фејсбук напиша дека косовскиот претседател нема уставен мандат да преговара за било каква корекција на границите, односно за размена на територии.

„Косово е едно и неделиво. Косовската територија не може да се изнесе на пазар. Претседателот Тачи треба да се запре. Претседателот Тачи нема уставен мандат за такви дејствија. Преговорите за територијата на Косово се противуставни и секој што влегува во такви игри ќе сноси уставни и политички последици“, вели Хоти.