Сирија и Иран потпишаа договор за воена соработка

Архива: Луѓе собрани по експлозија на автомобил-бомба во сириската провинција Идлиб. 26.05.2018.

Министрите за одбрана на Сирија и Иран потпишаа договор за воена соработка во земјата која е разурната од војна, јавуваат иранските медиуми.

Договорот за „одбрана и техничка соработка“ предвидува континуирано „присуство и учество“ на Иран во Сирија, изјави денеска во Дамаск иранскиот министер за одбрана Амир Хатами, пренесува новинската агенција „Тасним.“

Исто така е цитиран и сирискиот министер за одбрана Али Абдула Ајуб како дава пофални зборови за Техеран за поддршка на владата на претседателот Башар ал-Асад, во седумгодишниот конфликт во Сирија.

Хатами беше во дводневна посета на Сирија, каде разговараше со Асад, известува „Тасним.“

Иранската и руска поддршка за Асад за време на војната помогнаа за пресврт во конфликтот во корист на сирискиот лидер.

Бунтовничките сили се пренасочени во многу делови на земјата. Сириските провладини сили подготвуваат напад во северозападната провинција Идлиб, последното големо упориште на бунтовниците.

Израел и САД, кои ги поддржуваат бунтовниците кои се борат против владата на Асад, изразија загриженост поради растечкото влијание на Иран во Сирија.