Уапсен рускиот опозициски лидер Навални

Рускиот опозициски политичар и активист , Алексеј Навални

Рускиот опозициски политичар и активист за борба против корупцијата, Алексеј Навални, беше уапсен денеска пред неговата резиденција во Москва, соопшти неговиот портпарол Кира Јармиш на Твитер. Јармиш рече дека Навални бил однесен во локалната полициска станица и дека причината за неговото притворање не била јасна. Таа, исто така, рече дека мобилниот телефон на Навални бил одземен од страна на полицијата.

Навални (42) помина неколку затворски казни по обвиненијата поврзани со организирање на антидржавни протести, а двапати беше осуден за обвиненија за финансиски злосторства, за кои тој рече дека биле одмазда за неговото противење на рускиот претседател Владимир Путин. На Навални му беше забрането да се кандидира на претседателските избори на 18 март поради неговата криминална евиденција.