Меркел повика на посилни врски со Азербејџан

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел повика на посилни економски врски со Азербејџан, по состанокот со претседателот Илхам Алијев пред разговорите во главниот град на Азербејџан, Баку. Двајцата водачи ќе разговараат за конфликтот на Азербејџан со соседна Ерменија во планинскиот регион Нагорно-Карабах, како и човековите права во земјата. Азербејџан и Ерменија веќе со години имаат непријателства околу Нагорно Карабах, азербејџанската територија, која беше запленета од страна на силите поддржани од Ерменија за време на војна во која загинаа повеќе од 30.000 луѓе, пред прекинувањето на огнот во 1994 година. Азербејџан е последната рута од тридневната турнеја на Меркел во Јужен Кавказ, која започна со посета на Грузија, а потоа и на Ерменија. Во Ереван, Меркел им изјави на новинарите дека "важно е конфликтот да се реши мирно" и дека Германија "е подготвена" да придонесе за решение.