Дете почина на Инфективната клиника од ретка сепса

Клинички центар во Скопје, државна болница.

Двегодишно дете од Прилеп со клиничка слика на тешка мeнингокценија и флуминантна пурпура, односно тешка форма на сепса вчера во 11 и 30 часот било примено на Клиниката за инфективни болести во Скопје.Сепсата за неполни 24 часа ги зафатила сите органи на телото по што детето починало.

Доктор Милена Стевановиќ од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, изјави дека станува збор за многу тешка и ретка клиничка слика на болест која е предизвикана од бактеријата Нисерија менингитидис и е со висока смртност и покрај преземање на сите тераписки мерки.

„Детето било доесено педијатриското одделение во Прилеп каде е почната иницијалната терапија и по консултација со инфектолог упатено е на нашата клиника. Веднаш е реализиран прием на интезивна нега на клиниката за инфективни болести, земени се потребни микробиолошки следувања и започнат беше интензивен третман, но болеста со ваков брз тек, на жалост предизвика она што никој не го посакува, а тоа е смртен исход во 18 часот и 15 минути“, вели Стевановиќ.

Според неа, болеста започнува нагло од полно здравје, а симптомите се често неспецифични посебно кај деца под 4 годишна возраст. Во наредните часови од почетокот на болеста таа прогресира до најтешка форма која завршува со смртен исход.